fbpx

Дождот, хеликоптерот на МВР и пожарникарите го изгаснаа пожарот кај селото Николиќ, во Дојран

 Дождот, хеликоптерот на МВР и пожарникарите го изгаснаа пожарот кај селото Николиќ, во Дојран

Изгаснат е големиот пожар што денеска на пладне избувна пред селото Николиќ, во Дојран.

Според информациите од Центарот за управување со кризи дождот кој заврнал околу 20 часот помогна целосно д абиде изгаснат пожарот, а и со дејестувањето на полицискиот хеликоптер претходно пожарот бил локализиран.

-Денеска Одделот за воздухопловни единици при МВР дејствуваше во реонот на Дојран, каде успешно беше локализиран пожарот кој настана околу 12 часот. Притоа хеликоптерот на МВР (Мi171) во 20 налети прецизно фрли над 50 тони вода врз најкритичните точки и со поддршка на локалните пожарникари пожарот е локализиран, соопштија од МВР.

Share via
Copy link