Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Македонските и словенечките стопанственици со апел за поддршка на Словенија
Почитувани,
Словенија во изминатите денови се соочува со последиците од најголемата природна катастрофа во нејзината понова историја. Голем дел од нејзината територија беше засегната од поројните дождови и невремиња кои резултираа со обилни поплави и свлечишта. Голем број граѓани ги изгубија своите домови, а инфраструктурата на земјата е сериозно оштетена.
Многупати во минатото нашите две земји меѓусебно се помагале и поддржувале. Сите се сеќаваме на неодамнешните пожари кои беснееа кај нас, а во чие гаснење се вклучија бројни доброволци од Словенија.
Во овие моменти треба да ја покажеме нашата солидарност како народ, стопанство и држава. За таа цел, во согласност со барањата на Владата на Република Словенија за помош, Друштвото на словенечки и македонски стопанственици отвори наменска хуманитарна сметка во НЛБ Банка. Сите донации кои ќе бидат примени на оваа сметка ќе бидат префрлени на соодветните служби и организации во Словенија кои се активни на терен во рамки на тамошната цивилна заштита.
Податоци за вашите донации
Број на с-ка: 210-0759929302-64
Банка: НЛБ Банка
Назив на примач: Словенечки и македонски стопанственици СИЗ Скопје – наменска хуманитарна сметка
Шифра на плаќање: 560 – Уплати за солидарни и хуманитарни цели
Цел на дознака: Донација за поплавите во Словенија
Ви благодариме на вашата хуманост!