„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Mузичко училиште „Боро Џони“ новата учебна година ја започнаа во нови и современи простории
Учениците и вработените во основното музичко училиште „Боро Џони“ новата учебна година ја започнаа во нови и современи простории. Со реконструкцијата којашто започна во декември минатата година, надграден е уште еден кат со нови кабинети, училници, канцеларии и помошни простории, како и нов покрив и нова термо фасада на целиот објект.
Градоначалникот Костадин Костадинов со членови на Советот и претставници на општинската администрација го посети училиштетото и на вработените и им посака среќен почеток на новата учебна година.
-Новата учебна година ја одбележуваме со заокружување на уште една нова капитална инвестиција во симбиоза на Општина Струмица и Министерството за образование и наука, а тоа е комплетната реконструкција на зградата на музичкото училиште и адаптацијата на поткровјето заради потребите коишто ги имаше училиштето од нови кабинети и нови простории за вработените. Ако се земе в предвид фактот дека на почетокот имало 13 вработени и 120 ученици, а сега имаме триесетина вработени и 300 деца, тоа ни дава за обврска да реализираме проекти какви што реализираме денес, изјави градоначалникот Костадинов.
Директорката на училиштето Клара Патарова, изјави дека реконструкцијата на училиштето била десетгодишна желба на вработените и учениците кои со своите успеси континуирано се докажуваат како на државно, така и на меѓународно ниво.