Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
Претрес во Струмица, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица
На 06.10.2023 во 22:30 часот во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ј.М. (34) од Струмица, затоа што во патничкото возило „санг јонг“ со бугарски национални ознаки, управувано од негова страна, бил пронајден кокаин, соопштија денеска од МВР.
Исто така, на 06.10.2023, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во домот на З.Б. (58) во Струмица, поради основи на сомнение дека му ја продал дрогата на Ј.М.. При претресот биле пронајдени повеќе полиетиленски пакувања со кокаин, марихуана, дигитална вага, шприц исполнет со кафеава материја и пари во различни апоени. Ј.М. и З.Б. биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави до надлежното обвинителство.