fbpx

Градоначалникот Костадинов учествуваше на трибина по повод Светскиот ден на менталното здравје

 Градоначалникот Костадинов учествуваше на трибина по повод Светскиот ден на менталното здравје

Денес градоначалникот Костадин Костадинов учествуваше на трибината посветена на менталното здравје, по повод 10 октомври – Светскиот ден на менталното здравје, а во организација на Општинската организација на Црвен крст – Струмица.

Во своето обраќање, меѓу другото рече:

„Имајќи го во предвид фактот дека проблемите со менталното здравје се во постојан пораст, не само кај нас туку и на глобален план, тогаш мора сите релевантни чинители да вложат максимални напори за поефикасно справување со таквите проблеми. Токму затоа, ја поздравувам оваа денешна трибина на струмичкиот „Црвен крст“, со напомена, да го одбележуваме Денот на менталното здравје секој 10 октомври, но 365 денови во годината меѓусебно да си помагаме, кога тоа е во прашање“, рече Костадинов.

Зборувајќи за менталното здравје, градоначалникот Костадинов истакна дека тоа е подеднакво важно како и физичкото здравје, и дека никој не треба сам да се носи со предизвиците кои ги носи нарушеното ментално здравје.

Share via
Copy link