fbpx

Приведени крадци во Струмица кои со сила одзеле личен предмет

 Приведени крадци во Струмица кои со сила одзеле личен предмет

СВР Струмица соопшти деја вчера полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода Д.К.(20) и Џ.И.(25), двајцата од Струмица.

Тие се сомничат дека на 11.11.2003 во Струмица со употреба на сила одзеле личен предмет од едно лице. Предметот е пронајден и вратен на сопственикот, а лицата се задржани во Полициска станица Струмица и за настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link