„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Завршија јавните собири со граѓаните од урбаните и месните заедници
Во населените места Добрејци и Просениково се одржаа последните средби со граѓаните со што и завршија сите планирани јавни собири со граѓаните од урбаните и месните заедници, информираа денеска од Општината
На средбите градоначалникот Костадин Костадинов со неговиот тим, советници и претставници на општинските јавни претпријатија со граѓаните разговараа на актуелни теми, ги разгледуваа реалните потреби и ги утврдија приоритетните проекти коишто ќе се реализираат следната година со средства од општинскиот буџет.
Со јавните собири и буџетскиот форум, општина Струмица уште еднаш го потврди високото ниво на транспарентност и отчетност во своето работење и активното учество на граѓаните во креирањето на локалните политики и општинскиот развој.