fbpx

Заменикот министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин во посета на општина Василево

 Заменикот министер за труд и социјална политика, Енвер Хусејин во посета на општина Василево

Денес, градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, беше домаќин на заменик министерот за труд и социјална политика Енвер Хусијен, кој беше во работна посета на Општината, соопштија од локалната самоуправа.

-На состанокот  во кабинетот на Градоначалникот главно се разговараше за тековните состојби и проблемите во работењето со кои се соочува детската градинка „Прва радост“ во Василево.  Средбата беше во насока на изнаоѓање на решенија со што би се оптимизирало тековното работење на оваа установа, која подолг период има проблеми во делот на вработувањето на персонал неопходен за нормално одвивање на секојдневниот воспитно-едукативен и згрижувачки процес.На состанокот се разговараше и за  состојба на новата детска градинка во с. Ангелци, која сеуште не е ставена во функција, стои во сопштението од Општината.

По состанокот во кабинетот на градоначалникот на кој присуствуваше и директорот на ЈОУДГ „Прва радост, Василево, Игор Илиев, заменик министерот беше во посета и на градинката „Прва радост“ во Василево, каде се запознал со поединостите и карактеристиките, условите во кои функционира, како и потребите неопходни за нормалното функционирање  на оваа установа во иднина.

На средбата присуствувал и Билент Исинов, членот во Советот на Општина Василево од Демократската партија на Турците на Македонија.

Share via
Copy link