fbpx

Жител на Конче физички нападнал лице со здравствени проблеми

 Жител на Конче физички нападнал лице со здравствени проблеми

СВР Струмица денеска  соопшти дека Одделението за внатрешни работи Радовиш до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(29) од село Конче, Општина Конче, поради постоење на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот закон. 

Тој се сомничи дека на 26.11.2023 пред продажен објект во село Дедино, општина Конче, физички го нападнал И.Ј.(44) од село Дедино, лице со здравствени проблеми.

Share via
Copy link