Кај жител на Добрејци полицијата пронајде марихуана и семки од растение
„Медија Флеш“ започнува со реализација на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“
Здружението „Медија Флеш“ започнува со реализација на проектот „Читај меѓу редови: Спротивстави се на дезинформации и биди медиумски писмен во ера на дигитални вести!“, активност поддржана од проектот „Млади агенти на промената“ имплементиран од „Центар за интеркултурен дијалог“ (ЦИД), „Сојуз на извидници на Македонија“ и Центар за истражување и анализи „НОВУС“ Струмица со финансиска поддршка од ЕУ.
Основна цел на проектот е да се унапреди медиумската писменост и да се создадат вештини за критичко размислување и анализирање кај младите во општина Струмица за да се справат со дезинформациите и лажните вести. Овој проект ги поттикнува млади да станат одговорни конзументи на информациите, свесни да носат информирани одлуки и да се вклучуваат во конструктивен дијалог со сите релевантни чинители. Токму ова преку сето ова, проектот цели и придонесува за создавање информирана и кохезивна заедница.
„Со оглед на предизвиците на дигиталната ера, како што е брзата циркулација на информации што често доведува до ширење на дезинформации и лажни вести, од клучно значење е да се реши ова прашање во општина Струмица, особено кај младите луѓе. Токму тие, како ранлива категорија во општеството се силно погодени од конзумирањето на такви содржини, првенствено преку онлајн порталите и платформите за социјални медиуми како Facebook, Instagram, Youtube, TikTok. Оваа изложеност на парцијални информации и недостатокот на критичко размислување, аналитички вештини и комуникациски способности им отежнуваат да разликуваат што е вистинита, а што е лажна вест“ велат од здружението „Медија Флеш“.
Со овој проект ќе се поттикне развој на механизмите за соработка кои се бараат од различни засегнати страни, вклучувајќи медиумски организации, граѓанско општество, образовни институции, локални власти, млади и други чинители. Со заедничка работа, тие можат да го намалат негативното влијание на лажните вести и дезинформациите и преку колективен напор од сите ќе се создаде заедница која е добро подготвена да се движи низ светот на информациите и да оди напред заедно.
Проектот ќе се спроведува на територија на општина Струмица и ќе биде со времетраење од 8 месеци.
За повеќе информации следете ја фејсбук страницата на здружението: https://www.facebook.com/mediaflashsr