„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Костадинов: Социјалната населба се гради според планираната динамика
При крај се градежните активности од првата фаза во делот на нискоградбата која чини 100 милиони денари, а опфаќа реализација на пристапна улица, изведба на планирани платформи за куќи, потпорни ѕидови и инфраструктурни активности, објави градоначалникот Костадинов.
-Денеска потпишав договор со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и преку Владата обезбедивме 65 милиони денари за втората фаза од изградбата на населбата.
Социјалната населба е еден од најголемите капитални проекти за кој требаше голема храброст и силна одлучност, а кој се решава повеќедецениски проблем во долното и горното Турско маало во Струмица.
Изградбата на Социјалната населба е уште една потврда дека јас моите ветувања ги исполнувам и за мене зборот е збор!, напиша струмичкиот градоначалник.