fbpx

„Петарди НЕ – безбедност пред се“ – превентивни активности на СВР Струмица

 „Петарди НЕ – безбедност пред се“ – превентивни активности на СВР Струмица

Денеска во рамките на превентивно едукативните активности на МВР и Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија од Скопје насловена како „Петарди НЕ – безбедност пред се“ лекар од клиниката и полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Струмица и од Одделенијата за внатрешни работи во Радовиш и Валандово одржаа стручни предавања, односно презентации пред ученици од Средните општински училишта „Никола Карев“,и „Јане Сандански“ во Струмица и „Гоце Делчев“ во Валандово.

-Во непосреден разговор со учениците од страна на лекарите се нагласува ризикот од употреба на пиротехнички средства по здравјето на учениците, пред се од повреда на рацете, очите и други делови на телата.Исто така учениците беа запознаени и со законскaта регулатива според која се санкционира неовластеното набавување, продажба и употреба на пиротехнички средства на јавни места, односно дека за ова истите може да бидат прекршочно или кривично санкционирани, изјави портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Share via
Copy link