fbpx

Премиерот Ковачевски ја депонираше оставката во Собранието

 Премиерот Ковачевски ја депонираше оставката во Собранието

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, во законски предвидениот рок, ја депонираше оставката во Собранието на Република Северна Македонија, при што имаше средба со претседателот на Собранието, Талат Џафери, соопштија денеска од Владата.

На средбата, премиерот Ковачевски истакна дека функцијата претседател на Влада ја извршувал одговорно и посветено, со должна почит кон граѓаните, водејќи се од определбата за обезбедување едно општество за сите, со еднакви права и еднакви одговорности.

Премиерот Ковачевски, на средбата потенцираше дека ќе продолжи и понатаму да се залага за остварување на европската визија за Република Северна Македонија бидејќи за нас нема друга опција, освен европскиот пат.

Заеднички беше констатирана важноста на заложбите за реализирање на нашите европерспективи и обезбедување на сите предуслови за да се трасира нашата европска иднина.

На средбата се разговараше и за деталите околу формирањето на новата техничка Влада, при што премиерот Ковачевски му посака успех на претседателот на Собранието, Џафери на премиерското место.  

Со поднесената оставка на премиерот Ковачевски, почнуваат процесите за формирање на техничка влада, која ќе создаде услови за одржување на фер и демократски претседателски и парламентарни избори.

Share via
Copy link