fbpx

Полицијата за еден месец напиша 106 казни за непрописно вградени фолии

 Полицијата за еден месец напиша 106 казни за непрописно вградени фолии

МВР соопшти дека во периодот од 01.01.2024 до 31.01.2024 година Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 106 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Фото: МВР

Share via
Copy link