fbpx

Струмица и струмичани верни на традицијата, денеска го празнуваат Чист понеделник.

 Струмица и струмичани верни на традицијата, денеска го празнуваат Чист понеделник.

-Празникот и големиот Велигденски пост не собраа и обединија на градскиот плоштад во заеднички ручек со вкусно бело гравче.На сите коишто постат им посакувам со лесно да го поминат овој најголем пост за христијаните и упатувам неколку пораки бидејќи се наоѓаме во динамично и време на големи предизвици.

Фактот што имаме двојни избори само по себе значи предизвик, а и тоа што тие се случуваат во најголемиот христијански пост, треба да ни даде до знаење дека мора да внимаваме оти постот сам по себе не е само физичко постење на организмот, туку, покрај тоа мораме и духовно да постиме и да постиме со мислите. Барем во овие денови да има што е можно помалку омраза, клеветење, негативни кампањи и вести, оти тоа најмалку ни е потребно на сите. Немаат никаков бенефит граѓаните од препукувањето помеѓу партиите, туку да имаме една достоинствена кампања и барем во Струмица да го имаме она на што повикуваме, да се почитуваме едни со други, а се знае програмски нашите копја нека се преклопуваат и таму е местото и фронтот за борба. Господ нека не чува сите, нека ни дари здравје и нека ја чува и благословува Струмица, објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Share via
Copy link