„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Филипче: Планираме рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонските земјоделци
Рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство, најави Венко Филипче, кандидатот на СДСМ и коалицијата и носител на листата во Изборна единица 4. Филипче синоќа во Кавадарци присуствуваше на отворање на нов изборен штаб. Тој истакна дека СДСМ во следните четири години има предвидено уште повеќе средства за поддршка и развој на тиквешкиот регион и земјоделието.
„СДСМ ќе продолжи да вложува силно во земјоделието. Планирани се рекордни 1,3 милијарди евра финансиска поддршка за македонското земјоделство. Планирано е зголемување за 100% на поддршката за млади земјоделци во првите 5 години. Со ова значително ќе се зајакнат земјоделците и нивниот животен стандард. Зелената нафта, успешен проект кој за прв пат го имплементираше СДСМ, ќе се надгради и во следниот мандат ќе обезбедиме 100% покривање на трошоците за гориво за земјоделска механизација“, истакна Филипче.
Пред граѓаните потсети на вложувањата во здравството и покачувањето на платите кои владата на СДСМ ги направи во изминатиот мандат.
„Платите ќе продолжат да растат, тоа е одлика на владата предводена од СДСМ, секогаш да вложува во приходите на граѓаните. Платите на општите лекари до крајот на мандатот ќе бидат од 120.000 до 140.000 денари, а на медицинските сестри од 60.000 до 90.000 денари. Ќе продолжат да растат и платите на специјалистите. Со овој модел на европски плати ќе ги задржиме здравствените работници дома и ќе ги подобриме услугите”, рече Филипче.
ПР објава