„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
МЗШВ: Производителите на пролетна зелка можат да бидат спокојни, предвидуваме мерка за нивна поддршка
Како одговорно министерство кое секогаш води искрена грижа за секој еден земјдоелец, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и овој период, во постојана комуникација е со земјоделците и трговците на пролетната зелка, со цел правилно информирање и креирање на соодветни политики за одржливосто на земјоделското производство.
Високите пролетни температури, во еден дел, направија пореметување на пазарот и пласманот на пролетната зелка, што резултираше со негативно движење на пазарините цени, предизвикувајќи загуби на земјоделците.
МЗШВ сите овие изминати години, докажа дека води грижа за земјоделското производство и земјоделците. Никој земјоделец не бил оставен сам и заедно, со конкретни мерки, сме го надминувале секој проблем.
Затоа и сега, како министерство, ги известуваме земјоделците дека нема да дозволиме да прават загуби во нивното производство и дека, веќе се подготвува нова мерка, која веднаш по изборните процеси и официјално ќе влезе во Владина постапка, а која на производителите на пролетна зелка ќе им даде поддршка за периодот на откуп кога цената на зелката е пониска од производната.
Во овој момент нашите разговори со земјдоелците одат во насока за креирање на мерка за поддршка по килограм произведена и предадена пролетна зелка. Како и до сега, креираната мерка, ќе биде дадена на разгелдување пред подсекторската група и потврдена од нив ќе биде доставена како предлог до Владата на усвојување.
Зелката стана наш извозен земјоделски бренд со скоро 30 милиони евра девизен прилив. Земјоделски производ значаен за државата и ние, како министерство ќе продолжиме да го развиваме овој сектор. Затоа земјоделските производители на зелка треба да бидат спокојни, нема потреба за загриженост, не сте сами и поддршка ќе има до сите.
Сме докажале дека секогаш кога имало ниски откупни цени, или згоелемени трошоци на земјоделецот, ние сме интервенирале. Така беше и во 2022, кога исто зелката имаше ниска откупна цена и ние преку интервентната програма им излеговме во пресрет на земјоделците со исплата на 3 денари по килограм, а. исплативме 41.7 милиони денари за 1630 корисници. Поддршка за производителите на зелка имавме обезбедено и во Интерветната програма за 2023 година.
Апелираме до земјоделците да се собере и откупи целата количина на пролетна зелка, а ние како министерство и докажан партнер на земјоделците ќе обезбедиме поддршка и ќе се бориме за странски пазари и пласман на македонската зелка.