fbpx

„Џамбо Агушеви оркестар“ со концерт за паметење во Тирана

 „Џамбо Агушеви оркестар“ со концерт за паметење во Тирана

„Џамбо Агушеви оркестар“, во организација на македонскиот КИЦ во Тирана настапија на фестивалот ,,Clouds“ со двочасовен концерт за паметење, соопштија од Министерството за култура.

„Просторот кој се наоѓа во центарот на градот, беше исполнет до последно место со публика. Агушеви настапија супериорно, величествено убаво, свиреа технички совршено во манир на големи светски артисти, плетејќи мрежа од прекрасни мелодии. Публиката стануваше, играше во транс, дел од нив се качуваа на сцена играјки заедно со нашите музичари“, информираат од Културно-информативниот центар во Тирана, за концертот кој се одржа во четвртокот вечер, а заврши по повеќе бисови на барање на публиката.

Богатата и атрактивна програма Македонскиот КИЦ ја продолжува на 23 мај со настапот на Добрила и Дориан Ду.

Фото: Министерство за култура

Share via
Copy link