„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
За шест месеци преку „Систем 48“ решени 463 проблеми на граѓаните
Во периодот Јануари – Јуни 2024 година, во „Систем 48“ има пријавено вкупно 528 пријави, од кои се решени и одговорени 463. Останатите 65 се проследени до надлежните служби и се пријави во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа, информираа денеска од Општина Струмица.
Најголем број од пријавите доставени до „Систем 48“ во првите шест месеци од 2024 година, се од областа на улично осветлување -362, од областа на собирање смет -81, водовод и канализација -41,паркови и зеленило -29 , улици,патишта и тротоари –15 .
-Со овој извештај би сакале уште еднаш да апелираме до граѓаните за навремено пријавување на пријавите на бесплатниот телефонски број 080014848 и моб.тел.076484848, за да можеме навремено да интервенираме и вооедно да ги решаваме пријавите доставени до Систем 48, стои во информацијата на Општината.