fbpx

ТППЕ Струмица:Изгаснат е едниот крак од големиот пожар на Огражден

 ТППЕ Струмица:Изгаснат е едниот крак од големиот пожар на Огражден

-Денеска во раните утрински часови, тим од седум пожарникари -спасители од ТППЕ Струмица учествува во гаснењето на големиот пожар на планината Огражден кој за неколку денови опустоши стотици хектари нискостеблеста дабова и борова шума. Теренот е крајно непристапен, но сепак тимот успеа да се доближи до самото жариште на пожарот, објавија струмичките пожарникари.

-Гаснењето е во координација со четири авиони ер трактори, два на ДЗС и два од Република Турција и ќе се дејствува до крајот на денот. Крајниот северозападен крак на пожарот речиси целосно е ликвидиран и во моментов се работи на југозападниот крак веднаш до границата со Република Бугарија, напишаа од ТППЕ Струмица.

Share via
Copy link