fbpx

Приведен 53 годишен струмичанец,осомничен дека извршил обљуба врз малолетник

 Приведен 53 годишен струмичанец,осомничен дека извршил обљуба врз малолетник

На 18.07.2024 во 18:25 часот, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода 53-годишно лице од струмичко, кој се сомничи дека околу 11:30 часот во подрумски простории на станбена зграда во Струмица извршил обљуба врз малолетник од Струмица со пречки во развојот.

Како што соопштија од СВР Струмица, лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link