fbpx

Градоначалникот Костадинов ја поддржа соработката меѓу Локалниот младински совет и Клубот на млади при Црвен крст

 Градоначалникот Костадинов ја поддржа соработката меѓу Локалниот младински совет и Клубот на млади при Црвен крст

-Струмица е меѓу ретките градови со силен младински ентузијазам во подобрувањето на животот на младите и развојот на Општината. Денеска со посебно задоволство го поддржав официјализирањето на соработката меѓу Локалниот младински совет на Општина Струмица и Клубот на млади при Општинската организација на Црвениот крст од Струмица.Нека ви е за многу години соработката, нека биде плодна со многу проекти и активности коишто ќе ја зацврстуваат позицијата на младите во општинските политики, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

Share via
Copy link