fbpx

Полициски билтен:физичка пресметка меѓу вработени во угостителски објект,пожар близу оранжерии,кражба во Стар Дојран,вонбрачно живеел со 12.годишна малолетничка

 Полициски билтен:физичка пресметка меѓу вработени во угостителски објект,пожар близу оранжерии,кражба во Стар Дојран,вонбрачно живеел со 12.годишна малолетничка

На 13.08.2024 во 13.15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во угостителски објект во Струмица бил нарушен јавниот реди мир со физичка пресметка помеѓу Г.Р (24) од село Градско Балдовци и Т.Т., двете вработени во објектот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 13.08.2024 во 14.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека  настанал пожар во  помошна просторија во која бил сместен системот за разладување на оранжериите помеѓу село Петралинци и село Хамзали, струмичко. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица.

На 13.08.2024 во 15.20 часот во Стар Дојран,  полициски службеници од ОВР Гевгелија-Полициско одделение Нов Дојран го лишиле од слобода Т.А.(40) од Гевгелија. Тој  се сомничи дека истиот ден извршил кражба во продажен објект во Стар Дојран, при што одзел пари.  Т.А. бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор. Кај него биле пронајдени одземените пари, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Т.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 13.08.2023 во 00.30 часот во с.Калково, валандовско, полициски службеници од ОВР Валандово го лишиле од слобода У.Ф.(23) од село Калково поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со малолетно лице“ по член 197 од Кривичниот законик. Во неговиот дом била пронајдена М.Ј.(12) од Росоман, за која претходно нејзиниот татко пријавил дека се оддалечила од домот и заминала да живеее со У.Ф. во неговиот дом. Малолетничката била предадена на родителите и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link