fbpx

Полицијата откри кој пукал на 15 овој месец на булеварот „Гоце Делчев“

 Полицијата откри кој пукал на 15 овој месец на булеварот „Гоце Делчев“

Денеска во СВР Струмица бил извршен службен разговор со З.Д.(45) и Д.С.(25), двајцата од село Ново Коњарево, струмичко.

Имено, по преземени мерки и активности од СВР Струмица беше утврдено дека на 15.08.2024 за време на семејна прослава во Струмица пукале од сигнален пиштол.

Во разговорот тие го признале делото, а од Д.С. бил одземен пиштолот.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link