Општина Струмица и годинава ангажираше лични и образовни асистенти за ученици со попреченост
По објавените Јавни повици за времен ангажман на евидентирани невработени лица за вклучување во Проектот Лични асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес во основно образование и лични и образовни асистенти на ученици со попреченост вклучени во редовен образовен процес во средно образование, Општина Струмица и оваа година ја покажа својата силна заложба кога станува збор за ученици со попреченост.
Имено, од 2 септември 13 лични асистенти во основно образование финансиски поддржани од сопствен буџет на Општина Струмица ќе ја започнат училишната година заедно со ученици со попреченост, помагајќи им во извршување на нивните секојдневни потреби, додека 4 лични и 1 образовен асистент ќе го започнат својот ангажман во трите средни училишта во општина Струмица.
Ангажманот на овие лица е финансиски поддржан УНДП и општина Струмица.