fbpx

Сопатничка и сопатник од Струмица повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

 Сопатничка и сопатник од Струмица повредени во сообраќајка на патот Штип-Радовиш

Вчера во 11:15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на магистрален пат Штип-Радовиш, патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Т.(54) од Струмица, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката К.Т.(40) од Струмица, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Струмица, констатирани во Медицински центар Штип.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.

Share via
Copy link