fbpx

Градоначалникот Костадинов го отвори „Агро Саем – Струмица 2024“

 Градоначалникот Костадинов го отвори „Агро Саем – Струмица 2024“

-Ако минатото и сегашноста на човештвото опстојувале по заслуга на земјоделското производство, ако минатото и сегашноста на земјава и нашиот струмички регион се темелат на успешниот аграр, тогаш ајде сите да си посакаме таква да ни биде и иднината, напиша градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Денес ја имав честа и задоволството, со овие зборови да го отворам саемот за храна, пијалаци и технологија „Агро Саем – Струмица 2024“, кој се одржува по четврти пат, во организација на Невладината организација „ПроАгро Фармери“.Глетката на струмичкиот плоштад беше вистински празник за очи и душа, а изложените производи, од струмичките „чушки и френки“, ајварот и лутеницата, преку виното и ракијата, медот и маџунот, јаболковиот оцет, разните видови сирења, па се до слатко од разни овошја и природни сокови, ни дава наедеж дека аграрот е сепак жив, и дека ќе живее и натаму.Организаторите и овојпат ја оправдаа мојата безрезервна поддршка, и поддршката на Општина Струмица.Довидување до следниот „Агро Саем – Струмица 2025“, објави струмичкиот градоначалник.

Share via
Copy link