fbpx

Едно лице загина и едно е повредено во сообраќајка на излез од село Костурино

 Едно лице загина и едно е повредено во сообраќајка на излез од село Костурино

На 05.10.2024 во 06.40 часот во СВР Струмица е пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, на излез од село Костурино, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило “фиат” со струмички регистарски ознаки и трактор “имт” со струмички регистарски ознаки, кој влечел нерегистрирана полуприколка, управуван од Р.Ш.(40) од село Костурино, информираа од СВР Струмица.

На местото на настанот починал сопатникот на полуприколката на тракторот Г.Б.(51) од село Костурино, а смрт констатирал лекар од Медицински центар Струмица. Со телесни повреди се здобил Т.Б. (54) од село Костурино, кој бил сопатник во тракторот.

Возилото “фиат” го напуштило местото на настанот.

Увид на местото извршија јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на возилото “фиат”.

Фото: архива

Share via
Copy link