„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Јавни собири со граѓаните се одржаа синоќа во Рич, Попчево и Раборци
Јавните собири со граѓаните пред донесувањето на буџетот за 2025 година коишто започнаа на 24 октомври, синоќа продолжија во населените места Рич, Попчево и Раборци.
Претставниците на општинската администрација и јавните претпријатија со граѓаните од овие населени места, разговараа за актуелните состојби и на кои проекти да се даде приоритет во новата буџетска години со коишто ќе се обезбедат подобри услови за живот.
Јавните собири вечер продолжуваат во населените места Добрејци и Просениково.