Градоначалникот Костадинов ќе ја претставува Струмица на петтиот Глобален Самит на силни градови
Од 3 до 5 декември, градоначалникот Костадин Костадинов ќе им се придружи на градоначалниците, локалните лидери и меѓународните партнери на петтиот Глобален Самит на Силни градови, во Кејптаун, Африка.
Овој важен настан, организиран од Мрежата на силни градови и градот Кејптаун, а спонзориран од Министерството за надворешни работи на Данска, Европската Унија и Стејт департментот на САД, ќе се фокусира на решавање на критичните предизвици во градовите ширум светот.
Учеството на градоначалникот Костадинов ја позиционира Струмица на лидерската маса каде се поттикнуваат и развиваат инклузивни заедници и справување со глобалните проблеми кои влијаат на локалното владеење.
-Огромно е признанието за општина Струмица и работата на Локалниот Совет за Превенција кои се препознаени на светско ниво. Како активни учесници на петтиот Глобален Самит на Силни Градови, земаме рамноправно учество со останатите глобалните лидери, со цел – заеднички да ги адресираме клучните теми кои имаат предзнак ургентност – омраза, екстремизам и поларизација. Работиме да обезбедиме ниту една заедница да не стои сама во борбата за еднаквост, вклученост и безбедност. Учеството на самитот претставува дополнителна можност за размена на искуства и давање придонес за колективните решенија кои ги зајакнуваат градовите ширум светот, нагласувајќи ја виталната улога на локалното управување во обликувањето на безбедни и кохезивни општества. Со вклучување во овие дијалози, Струмица ги унапредува своите капацитети за имплементација на иновативни пристапи и градење партнерства, од кои директна корист имаат нашите граѓани, стои во изјавата на градоначалникот Костадинов.
Фото: архива