Синоќа се одигра претставата „Новогодишна магија“ во режија на Танкица Стојанова
“Фолклорна Низа” го одржа традиционалниот заеднички новогодишен концерт – Големи и мали
Здружението за ора и песни “Фолклорна Низа” го одржа традиционалниот заеднички новогодишен концерт – Големи и мали.
Годинава новогодишниот концерт на „Фолклорна Низа“ имаше хуманитарен карактер. Посетителите на концертот и членовите на Фолклорна низа можеа да остават парични средства во кутијата за донација. Собраните средства, Фолклорна Низа ги донираше во Елеуса Фондација и ќе бидат искористени за хуманитарните акции на Елеуса Фондација.
Покрај хуманоста, членови на Фолклорна низа, од најмалите до ветеранките уште еднаш ја покажаа љубовта кон фолклорот. На двата концерти тие одиграа различни кореографии, сплетови, ора и обичаи и тоа – Тресеница, Зурли трештат на сред село, Македонско девојче, Црногорка, Водарки, Дафино вино црвено, Малешевски игри, Билјана платно белеше, Копачија, Пиринско пролетно цвече, Невестинско, Поречки игри, Женил се Петре, Буфчанско и Раштак. Гостите од фолклорната група Радовишанки етно го одиграа Сербез Донка.
За долгогодишното успешно раководење со Здружението плакета и беше доделена на поранешната претседателка на Фолклорна низа Јулијана Теменугова.
Благодарници им беа доделени и на неколкуте помагатели на Фолклорна низа како и на медиумските покровители на настанот Експрес радио, Југоинфо.мк и Дрнка.мк