Во Струмица се одбележаа 153 години од раѓањето на Гоце Делчев
Во Струмица се одбележаа 153 години од раѓањето на Гоце Делчев
Пред споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад во Струмица денеска се одбележаа 153 години од раѓањето на апостолот на македонското револуционерно движење.
За животот и делото на Гоце говореше градоначалникот Костадин Костадинов.
-„Јас по душа сум анархист, по убедување сум социјалдемократ, а по дела револуционер“. Така зборуваше големиот Делчев. На денешен ден пред 153 години се роди Гоце, се роди таа искра надеж за подоцнежна светлина за Македонија и Македонците. Голем е денов затоа што е голем човекот кој се родил во него. Поголем син не родила нашата Македонија, па затоа е најспомнуваниот и најчествуваниот лик од нашата историја.Од неговата љубов кон татковината и од непоколебливоста во извршувањето на херојските потфати, треба да учиме како во денешни услови да се однесуваме кон родната грутка и кон сите со кои споделуваме добро и зло под ова наше македонско небо, рече Костадинов.
Претставници на политички партии, институции, здруженија и граѓани положија цвеќе, а ученици од ООУ „Гоце Делчев“ од село Вељуса изведоа рецитал.
Фото: Општина Струмица