19 годишно момче од Миравци почина откако со автомобилот излетал од патот
Жител на Просениково со трактор насилно влегол во шумскиот склад во Струмица-оштетил возило
СВР Струмица соопшти дека вчера во 20:20 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода З.Х.(43) од село Просениково, струмичко. Тој, околу 17.00 часот со неговиот трактор насилно влегол во шумски склад на ЈП „Национални шуми“, подружница Беласица – Струмица и оштетил возило, кое претходно било одземено и паркирано во складот.
Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против З.Х. ќе биде поднесена соодветна пријава.