Кај жител на Богданци полицијата пронајде 1,1 килограм марихуана
Одбележан патрониот празник на училиштето „Никола Карев“

Вработените и учениците во државниот регионален центар за стручно образование и обука „Никола Карев“ денеска со пригодна свеченост го одбележаа патрониот празник.

На одбележувањето присуствуваа и претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски, членови на истиот и претставници од Одделението за образование од општина Струмица кои и положија цвеќе пред спомен бистата на македонскиот револуционер, Никола Карев.