Деветнаесетгодишно момче пронајдено починато на нива кај Струмица

 Деветнаесетгодишно момче пронајдено починато на нива кај Струмица

Вчера во 12:05 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека во нива на место „Крива река“ во Струмица е пронајден починат М.А.(19) од Струмица, соопштија денеска од СВР Струмица.

Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид на местото извршиле јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и екипа на СВР Струмица.

По наредба на обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Share via
Copy link