Костадинов:Бараме 100 отсто обесштетување за штетите од вчерашното невреме во Муртино

 Костадинов:Бараме 100 отсто обесштетување за штетите од вчерашното невреме во Муртино

-Обилните врнежи предизвикаа сериозни штети во Муртино. Како Општина веднаш формиравме Комисија за проценка и ги повикуваме сите засегнати жители и земјоделци од понеделник да ги пријават штетите во општинската зграда, објави градоначалникот Костадин Костадинов.

-Но сега топката е кај Владата на ВМРО-ДПМНЕ.Јасно и гласно порачувам: не смеете да ги заборавите овие луѓе. Муртино не е политичка категорија – тоа се чесни луѓе кои живеат од својата земја. Бараме 100% обесштетување. Сѐ помалку од тоа ќе биде навреда и омаловажување за секој што изгубил плод, имот, или покрив над главата. Нема правда без фер обесштетување!Како градоначалник нема да молчам – ќе бидам гласен за Муртино, затоа што тие заслужуваат поддршка, а не игнорирање, напиша Костадинов.

Фото: жители на Еднокуќево, Strumicko Strumica 

Share via
Copy link