Jавно обвинителство: Истрага за тешко загрозување на општата сигурност со пожар во Струмица
36 годишен маж пронајден починат во Гевгелија
Вчера во 09:55 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Моински Пат“ во Гевгелија бил пронајден починат В.С.(36) од Гевгелија.
Лекар констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа на ОВР Гевгелија.
Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
Фото: архива