Изгореле два автомобили во Гевгелија

 Изгореле два автомобили во Гевгелија

МВР соопшти дека денеска во 03:03 часот во ОВР Гевгелија e пријавено дека на ул.„Апостол Петков“ во Гевгелија, настанал пожар на патничко моторно возило „пасат“ со гевгелиски регистарски ознаки и патничко моторно возило „џип“ со велешки регистарски ознаки, паркирани пред куќата на М.К.(58).

Известен бил јавен обвинител, а увид на местото бил извршен од увидна екипа од ОВР Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Share via
Copy link