Полициски билтен:пронајдена растителна материја, во Градашорци се заканувал со остар предмет

 Полициски билтен:пронајдена растителна материја, во Градашорци се заканувал со остар предмет

На 09.09.2025 во 22:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.Б.(43) од село Моноспитово, струмичко, за тоа што кај него била пронајдена зелена растителна материја. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, а по документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.09.2025 во 14:00 часот во село Градашорци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода М.Д.(29) од истото село, постапувајќи по прертходна пријава дека околу 12:00 часот во дворно место во село Градашорци со остар предмет му се заканувал на М.А.(44) од село Градашорци. Од М.Д. бил одземен предметот и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link