Полициски билтен:двајца струмичани заработија кривични пријави, едниот украл мотор, другиот железна биста

 Полициски билтен:двајца струмичани заработија кривични пријави, едниот украл мотор, другиот железна биста

На 22.09.2025 во 08:15 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода А.Х.(31) од Струмица. Тој бил запрен додека управувал мотор „томос“ без регистарски ознаки, кој претходно бил пријавен за одземен од подрачје на ОВР Неготино. Од А.Х. бил одземен мопедот и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 22.09.2025 во 18:45 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Ј.В.(41) од Струмица. Тој бил затекнат како на велосипед превезува железна биста. Велосипедот и бистата биле одземени од Ј.В. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се преземаат понатамошни мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 23.09.2025 во 04.00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода К.Ј.(45) од село Просениково, струмичко. Тој околу 02.00 часот во село Просениково физички го нападнал К.С.(39) од истото село и му нанел тешка телесна повреда. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот против К.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Share via
Copy link