В недела, на 16 ноември, ќе се одржи манифестацијата Ден на празот
В недела, на 16 ноември, ќе се одржи манифестацијата Ден на празот

На 16.11.2025 година, (недела), со почеток во 12,00 часот во дворот на црквата Св. Никола во Градошорци, Општина Василево, ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на празот.
Градоначалникот на општина Василево Славе Андонов преку социјалните медиуми упатува отворена покана до сите граѓани.
-Задоволство е да Ве поканиме на манифестацијата „Ден на празот“, која ќе се одржи на 16.11.2025 (Недела) со почеток во 12 часот, во дворот на црквата „Св. Никола“ во Градошорци. Заедно ќе уживаме во специјалитетите од праз, подготвени со љубов од рацете на нашите вредни домаќинки од Василево. Добрата атмосфера ќе ја збогатат со прекрасни македонски песни, музичката група „Легато Бенд“. Најубавиот праз се произведува токму во Градошорци! Се гледаме во недела, 16.11.2025 во 12 часот, стои во поканата на градоначалникпот Андонов.
Манифестацијата се одржува во организација на Општина Василево и соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
За прв пат е организирана во 2008 година и е една од манифестациите од таков вид со најдолга традиција која од година во година расте и се надоградува.
Промоцијата на празот како земјоделска култура, промоцијата на населеното место Градашорци како место во кое се произведува најквалитетниот праз во државата но и општина Василево како подрачје со сопствени специфичности кое вреди да се посети, е целта која манифестацијата успешно ја исполнува, етаблирајќи се како бренд по кој општината е препознатлива и надвор од државните граници.