Соопштение од „Завод и Музеј Струмица“ -куќата на Хаџитосеви да се изземе од Регистарот на споменици на културата

Интегрален текст од Соопштението:
Националната Установа Завод за заштита на спомениците и Музеј Струмица со загриженост ја следи новонастанатата состојба на Споменикот на културата лоциран на улицата Кирил и Методиј број 41 познат како Куќата на Хаџитосеви.
Овој Споменик на културата е прогласен пред повеќе децении со решение кое неколку пати е дополнувано. Последното дополнување е од 1996 година.
Решение за прогласување на културно наследство во опасност за овој Споменик е донесено во 2020 година. Од тогаш се направени повеќе обиди да се изнајде начин да се зачува објектот. Постои и проект за заштита од самообрушување.
Но, реалниот проблем со кој се соочуваме во работата се законските одредби според кои за секоја активност потребна е согласност од сопствениците на објектот. Во конкретниот случај нема наследници, односно постојат потенцијални наследници.
Во такви услови поради изразено лошата состојба на објектот приморани сме да побараме Управата за заштита на културното наследство да донесе одлука за иземање на конкретниот објект од регистарот на споменици на културата.
Состојбата на овој објект е незавидна и покрај фактот што институциите ги прават сите напори за негово заштитување и реконструкција.