Првото бебе во Струмица во 2026 година е женско

 Првото бебе во Струмица во 2026 година е женско

-Општина Струмица со големо задоволство ја споделува радосната вест за раѓањето на првото бебе. На свет дојде здраво женско бебе, со тежина од 3.950 грама и должина од 52 сантиметри.Горда мајка е Катерина Тодорова од Струмица, докторка по професија, за која ова е трето дете, соопштија денеска од Општина Струмица.

Породувањето поминало во најдобар ред, а и мајката и новороденчето се во одлична здравствена состојба.

-Општина Струмица упатува најтопли честитки до семејството, со искрени желби за здравје, среќа и безброј радосни моменти во новиот животен период, се наведува во објавата од локалната самоуправа.

Фото: архива

Share via
Copy link