Возач на камион од Гевгелија возел „под гас“ и удрил во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци
Јанков:Се реконструира мултифункционалното игралиште во „Јане Сандански“

-Во тек е реконструкција на мултифункционалното игралиште во рамки на СОУ „Јане Сандански“, објави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.
-Просторот располага со фудбалско игралиште и кошаркарско игралиште со современа полипропиленска подлога. Просторот е наменет пред сè за учениците од училиштето, но и за локалните спортски клубови и за граѓаните на Општина Струмица. Реконтрукцијата е финансирана од Министерството за спорт со поддршка од Општина Струмица, напиша Јанков на неговиот фејсбук профил.