Во пожар во штала во Горни Липовиќ изгореле домашно животно и сточна храна
Општина Струмица распиша Јавен повик за осолободување од надоместок за градинка за деца на самохрани родители и згрижувачки семејства

По иницијатива на градоначалникот на општина Струмица Петар Јанков, денеска е распишан Јавен повик за пројавување интерес за ослободување од плаќање надомест за престој на деца на самохрани родители и престој на деца на згрижувачки семејства во детските градинки „Детска радост“ и „Виножито“ од Струмица.
Правото на партиципација се остварува за дете од семејство на самохрани родители и дете згрижено во згрижувачки семејства кои земаат плата пониска од просечната месечно исплатена нето плата на ниво на Република Северна Македонија или невработени лица кои живеат на територија на општина Струмица.
Самохрани родители имаат право на ослободување на плаќање надомест за престој на своите деца доколку:-Eден од родителот е починат
-Eден од родителот е непознат
-Детето е од разведен брак
Згрижувачките семејства треба да се имаат стекнато со статус на згрижувачко семејство.Ј
авниот повик ќе трае заклучно со 31.01.2026 година.Пријавите со потребните документи, се доставуваат на адреса: општина Струмица, ул.„Сандо Масев“ бр. 1, 2400 Струмица, лично во архивата на општина Струмица или по пошта, секој работен ден од 08:00 и 16:00 часот.
Пријавите и дополнителните информации за Јавниот повик може да се најдат на општинската веб страница.