Еко модна ревија на учениците од Василево

Учениците од ООУ „Гоце Делчев“, Василево организираа еко модна ревија во која моделите со кои продефилираа беа направени од отпадни материјали. Пораката беше јасна: заштита на животната средина преку „враќање во живот“ на еднаш употребени материјали. Учениците потсетија дека постојат безброј начин за реупотреба на веќе искористените материјали кои со рециклирање после нивната првична намена и употреба, повторно може и треба да бидат искористени како суровина за изработка на нови материјали и предмети со соодветна употребна вредност.

На ревијата беше присутен и градоначалникот на општина Василево Славе Андонов, кој својот став го сподели преки социјалните медиуми:
-Модна ревија од отпадни материјали – креативност со еко порака! Во рамките на Еко месецот, учениците од ООУ „Гоце Делчев“ Василево, организираа уникатна модна ревија изработена од отпадни материјали. Со многу креативност, труд и тимска работа, тие покажаа дека и од отпад може да се создадат вистински модни дела“, порача Андонов.
Еко модната ревија беше подготвена во соработка со наставниците и родителите и истата се одржа во големата сала во Домот на културата во Василево.