„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
Во Струмица гласаат позитивните на ковид-19 и лицата во самоизолација
Шест лица од село Дабиле, кои се позитивни на ковид-19 или се во самоизолација, денес први ќе го остварат своето право на глас.
Дополнителниот избирачки одбор, составен од здравствени работници, со заштитна опрема се упати кон селото Дабиле, каде согласно здравствените протоколи треба да гласаат шесте пријавени граѓани.
Утре ќе гласаат 466 болни и изнемоштени лица.Покрај нив ќе гласаат и затвореници од Затворот во Струмица, Терапевтската установа „Покров“ и Заводот за заштита и рехабилитација на деца и младинци „Бања Банско“.
Во општина Струмица во Единствениот избирачки список се запишани 49.341 гласачи, кои своето избирачко право можат да го остварат в среда, на 83 избирачки места.
Заради почитување на здравствените протоколи на пет избирачки во Струмица ќе се гласа на други локации. Според претседателот на ОИК-Струмица, Томислав Андреев, двете избирачки места во седма урбана заедница се префрлени во ОУ „Видео Подгорец“, една просторија од осма урбана заедница, исто така, е префрлена во ОУ „Видео Подгорец“, наместо во просторијата на Еколошкото друштво „Планетум“ , ќе се гласа во Гимназијата „Јане Сандански“ и наместо во „Шпики“, каде досега гласаа, в среда ќе можат да го дадат својот глас во ОУ „Сандо Масев“.