„Комуналец“ поставува контејнери и дели канти за селектирање на отпадот
„Комуналец“ по втор пат прска и го чисти каналот на „Крушевска Република“
Екипа од Одделението „Комунална хигиена“ при ЈПКД „Комуналец“- Струмица по втор пат годинава почна со прскање против коров и треви на каналот долж улицата „Крушевска Република“ .
Со ова акција по хемиски пат се уништуваат коровот и сите други растенија кои започнаа да растат во текот на летниот период. По неколку дена се продолжува со собирање на исушениот материјал и губре, се со цел каналот без проблеми да може да ја прими целата надојдена вода од летните поројни дождови со што се превенира од поплави на овој дел од градот, а воедно и каналот добива поубав почист изглед, информираат од ЈПКД „Комуналец“.
Апелираат до граѓаните кои живеат покрај каналот отпадот да не го фрлаат во каналот, туку истиот да го пријават на телефонски број 034 325 909 за да биде подигнат.