Полицијата улови повеќе лица кои вршеле превоз на патници на диво
Гром удри во викендичка на браната Водоча, поплавени неколку улици и подземната гаража
Попладнево гром удрил во викендичка на браната Водоча, но нема повредени, откако струмичкиот регион го зафати силно невреме. Причинета е материјална штета, а граѓаните сами го изгаснале пожарот, информираа од ТППЕ Струмица.
Од силниот дожд поплавени се неколку улици во пониските делови од градот и дворови, а водата навлегла и во делови од угостителски објекти на „корзото“, а од постари куќи разлетани се керамиди од силниот ветар.
Вода навлезе и во подземната гаража под плоштадот во Струмица од каде се извлекува со пумпи.
Во Територијалната против пожарна единица во Струмица досега само еден граѓанин пријавил дека има потреба од интервенција на пожарникарите за извлекување на вода од куќата.
Екипи на ЈПКД „Комуналец“ веќе се излезени на терен и работат на остранување на последиците од невремето.