Нови четири случаи на ковид-19 во Струмица, вкупно 152 нови
Во Струмица се регистрирани четири нови случаи на заразени од ковид-19, а во регионот во Радовиш-1 и Гевгелија три нови случаи. Нема починати пациенти.
Во последните 24 часа се направени 1077 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19 во:
-Скопје 39
-Куманово 20
-Дебар 8
-Штип 14
-Прилеп 1
-Тетово 9
-Струга 13
-Битола 5
-Охрид 3
-Кавадарци 5
-Гостивар 15
-Гевгелија 3
-Струмица 4
-Радовиш 1
-Кочани 1
-Демир Хисар 2
-Македонски Брод 2
-Делчево 3
-Кратово 1
-Свети Николе 1
-Кичево 2
Нема починати пациенти.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 70 оздравени пациенти од:
-Скопје 23
-Куманово 8
-Штип 6
-Тетово 10
-Гостивар 10
-Свети Николе 13
Досега во земјата се направени вкупно 95169 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10086, бројката на оздравени пациенти е 5427, на починати е 460, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4199.